Хана Хуљиќ за прв пат проговори за ќерка си: Откриено дали таа и Грашо планираат втора свадба

од Vladimir Zorba
269 прегледи

Хана и Петар на 17 јули станаа родители на ќерката Алба, а таа сега за прв пат проговори за мајчинството.

Ќерката на Тончи Хуљиќ откри како се справила со родителството и кои се нејзините планови за во иднина.

„Ми се допаѓа улогата на мајка. Добро сум. Сега малку ја смирувам затоа што има грчеви. Се обидувам да ја заспијам“, рекла Хана, а се осврнала и на насловите на весниците за неа и нејзиниот сопруг Петар Грашо.

„Секој ден читам нешто ново за Петар и за мене, па престанав да реагирам“.

Се шпекулираше дека двајцата планираат да направат уште една свадба наесен, но таа жестоко демантираше.

„Искрено, веќе не знам од каде доаѓаат овие зборови. Не планираме уште една свадба“, рекла Хана, пренесе „24сата“.

Слични содржини