Хантер Бајден е прогласен за виновен: Може да се соочи со затвор до 25 години

од Илинка Илиоска
690 прегледи

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, е прогласен за виновен за нелегално купување пиштол откако ја сокрил својата употреба на дрога.

Хантер Бајден (54) беше осуден за три обвиненија поврзани со огнено оружје во првото обвинителство.

Поротата го прогласи синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер Бајден за виновен по сите три обвиненија во федерално судење за оружје, објавија денеска неколку медиуми, цитирајќи новинари во судницата, пренесе ДПА.

Хантер Бајден беше обвинет за давање лажни изјави при купување оружје во октомври 2018 година и прикривање на неговата зависност од дрога во тоа време. Тој може да се соочи со затворска казна до 25 години и парична казна до 750.000 долари.

Сепак, не е јасно колку тешка казна ќе изрече одговорниот судија, бидејќи Хантер Бајден нема криминално досие.

Американскиот претседател претходно изјави дека нема да го помилува својот син во случај на осуда, забележа ДПА.

Слични содржини