Иако морале да достават негативен тест за Ковид-19 за да се качат на лет, речиси 70 отсто од патници на авион што летал од Милано до Амритсар, се со позитивен тест за коронавирус при пристигнувањето вчера попладне во Индија, јави ДПА.
По пристигнувањето, 160 возрасни патници биле повторно тестирани, а 125 тестови биле позитивни, објавија денеска индиските медиуми, повикувајќи се на локални власти.
Заразените патници веднаш биле ставени во карантин.
По жестокиот и смртоносен бран на коронавирус минатата година, бројот на нови случаи на заразени со Ковид-19 во Индија е низок со месеци, но од пред некое време нагло се зголеми.
Речиси 91.000 новозаразени денеска се регистрирани низ Индија.
It is to inform that #AmritsarAirport has taken all necessary actions to stop the spread of #COVID19. In today's flight all 125 pax tested +ve, are being attended by state health officials. Rest 35 pax tested -ve have been advised self monitoring and would be under supervision. pic.twitter.com/1u7vmOnSK5
— Amritsar Airport (@aaiasrairport) January 6, 2022