167
На аеродромот во Кабул владее паника, бидејќи очајните Авганистанци се обидуваат да побегнат откако Талибанците го зазедоа главниот град, пренесоа денеска агенциите.
Очевидци велат дека најмалку тројца цивили загинале на аеродромот, кој е обезбеден од американските војници.
Не е јасно дали биле стрелани или убиени во стампедо.
Стотици странци и Авганистанци беа заглавени на аеродромот по откажувањето на редовните летови.
Во исто време, САД и другите земји се обидуваат да го евакуираат својот персонал и сојузниците.