Хаос на избор за мис: Ѝ ја земале круната од главата, бидејќи мислеле дека е разведена (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
453 прегледи

Добитничката на најголемата награда на изборот за мис во Шри Ланка се здобила со повреди на главата откако избил непријатен момент на сцената.

Убавицата Пушпика Де Силва ја освоила титулата „Мис Шри Ланка“ на церемонијата што била прикажана на националната телевизија во неделата.

Неколку моменти подоцна, победничката во 2019 година ѝ ја одзела круната од главата, тврдејќи дека не може да ја носи титулата затоа што била разведена.

Имено, Каролин Јури ѝ ја симнала круната од главата, цитирајќи го правилото на натпреварот дека учесниците мора да бидат во брак и не смеат да бидат разведени.

– Постои правило што спречува жените кои веќе се венчале и се развеле да ја добијат титулата, па затоа преземам чекори круната да ја преместам на друго место – рекла г-ѓа Јури пред присутните.

Потоа ја ставила круната на главата на првата придружба, по што Де Силва заплакала и истрчала од сцената, пренесува „BBC“.

Сепак, сè решиле организаторите, кои ѝ ја вратиле круната на Де Силва, откако потврдиле дека не е разведена.

Тие ѝ се извиниле за инцидентот, изјавувајќи дека Де Силва бил разделена, но не и разведена.

Де Силва преку објава на Фејсбук напиша дека отишла во болница поради повреда на главата што ја претрпела за време на инцидентот.

Таа рече дека ќе преземе правни активности поради „неразумниот и навредливиот“ начин на кој била третирана.

Натпреварот за убавина „Мис Шри Ланка ворлд“ е голем настан во земјата, а меѓу гостите на церемонијата била и сопругата на премиерот.

Слични содржини