Вакцинацијата во Хрватска продолжи утрово на саемот во Загреб, а според тамошните медиуми во моментов владее целосен хаос.
Граѓаните се преполни пред Саемот додека чекаат во ред за вакцинација.
Лекарите испратиле повик за вакцинација до граѓаните, без да ги внесат нивните податоци на платформата „Вакцинирај се“, па работниците на саемот во Загреб морале рачно да направат измени во системот за луѓето да можат да се вакцинираат. Како резултат на тоа, имало огромна гужва.
Денес треба да се вакцинираат најмногу граѓани, 4000 и сите тие ќе ја примат вакцината Фајзер.
На прашањето колку долго чекал за вакцинацијата, еден господин изјавил дека е таму веќе еден час.
„Ова е неорганизирано … Имав закажан термин, но тие не не пуштаат да дојдеме во првите редови Бевме пријавени за вакцинација со АстраЗенека, па се откажавме, а сега ја чекаме Фајзер“, рекол тој.
Голем дел од граѓаните кои чекаат пред Саемот се лути поради големите редици во кои е скоро невозможно да се придржуваат кон епидемиолошките мерки.
„Тоа е срамота за организацијата. Организацијата не е нула, туку катастрофа. Тука ќе се заразиме коронавирус“, изјавил една постара жена.