357
Две лица се ранети во пукање во малото гратче Фредерик во американската држава Мериленд, соопшти полицијата.
Состојбата на жртвите засега не е позната, пренесе ABC News.
Напаѓачот е „онеспособен“, им било кажано на новинарите од врвот на полицијата. Не е познато во каква состојба е.
Ситуацијата сега е под контрола, јавуваат американските медиуми.
Агенти на неколку безбедносни служби се на лице место, како и полицајци со кучиња.