Хаос во Хрватска: Директорка на Инфективна ја вакцинирала мајка си, ги обвинува другите за вакцинирање преку ред

од Nikola Popovski
324 прегледи

Директорката на Загрепската клиника за инфективни болести „Др. Фран Михаљевиќ“, Алемка Маркотиќ денес на прес-конференција откри дека нејзината мајка исто така била вакцинирана во таа институција, од вишокот на вакцините Фајзер, со кои располагаат.

– На Клиниката сите работници беа вакцинирани, а постарите лица постари од 65 години со хронични болести вакцинирани од вишокот. Мајка ми ми даде одобрување, не можам да дадам други информации за другите … Таа има 84 и пол години. Има неколку хронични дијагнози, од кои најмалку две се тесно поврзани со сериозни компликации од Ковид. Таа исто така неодамна се оперираше. Затоа, не гледам зошто не треба да се вакцинира, иако е мајка ми“, рече Маркотиќ на прес-конференцијата, а пренесе „Дневник“.

Новинарот и рекол дека и во неговото семејство има пациент од онкологија, но никој не го повикал на вакцинација.

Маркотиќ додаде дека никој не рекол дека старите лица кои не се во домовите за стари лица и немоќните не можат да се вакцинираат.

Епидемиологот Бернард Каиќ рече дека регистарот на вакцини овозможува увид во податоците за тоа кој е вакциниран.

– Сопственик е Министерството за здравство и можете да видите колку луѓе се вакцинирани – посочи тој.

Маркотиќ исто така рекла дека некои новинари биле вакцинирани преку ред.

– Барем еден од вас што седи тука е вакциниран преку ред, но мое е да не давам имиња. Ѝ одговорам на мојата клиника. Над мене има и такви кои треба да се погрижат дали мојата клиника се согласува со ова и ќе им одговорам на нив. Ве молам, кога правите линч во јавност со користење на нечиј родител, мора да знаеш како изгледа кога некој друг ќе ти постави слично прашање“, истакнала Маркотиќ.

„Мое право е да не го давам името на таа личност“, додала таа.

Новинарите почнаа да ги вклучуваат микрофоните и велат дека не биле вакцинирани и дека уште еднаш ја замолиле Маркотиќ да каже за кого станува збор, но таа одбила, пренесува Индекс.

Маркотиќ не одговорила на прашањето дали ќе поднесе оставка.

Слични содржини