Демонстрантите во Лондон се обидоа да упаднат во зградата на Британската здравствена регулаторна агенција и се судрија со полицијата за време на протестот против планираната вакцинација на децата против коронавирусот.
Лондонската полиција потврди дека група демонстранти се обиделе да упаднат во зградата на Агенцијата, но дека полицијата и обезбедувањето ги спречиле.
Според британските медиуми, полицијата успеала брзо да стигне до зградата, бидејќи била во близина поради денешните демонстрации на активисти против климатските промени.
Protesters in London try to storm the MHRA HQ in Canary Wharf, London. It is home to a medical regulatory body. pic.twitter.com/M43AlbOxfw
— Urban Pictures (@Urban_Pictures) September 3, 2021
Обидот за упад се случи пред да се донесе одлуката за проширување на вакцинацијата против Ковид-19 на деца постари од 12 години, пренесува РТ.
Британската влада објави дека е подготвена што поскоро да започне со вакцинација во таа возрасна група, бидејќи се подготвува враќање на децата во училиштата.