Американската полиција започна истрага за инцидентот што се случи во четвртокот вечерта кога возач на автомобил проби ограда и влезе на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.
На снимката се гледа како полициски автомобили бркаат сива мазда на пистата, на која на хаубата била испишана пораката S.O.S.
Поради инцидентот, неколку писти беа затворени, кои се едни од најпрометните во светот.
На крајот, возачот беше опкружен со повеќе од 10 полициски автомобили.
Возачот е приведен, а никој не е повреден во инцидентот, се вели во полициското соопштение на аеродромот.