ХАОС ВО МJАНМАР: Илјадници излегоа на улиците да се спротивстават на пучот, полицијата одговори со водени топови (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
317 прегледи

Полицијата денес употреби водени топови за да растера илјадници демонстранти кои протестираа во главниот град на Мјанмар, Најпјиду против воениот удар во кој од власт е тргната и приведена премиерката Аунг Сан Су Чи.

Повиците на демонстрантите до граѓаните да се приклучат на протестите и да ја поддржат кампањата на граѓанска непослушност против воениот удар, што предизвика голем број негативни реакции ширум светот, стануваат сè погласни и поорганизирани.

„Ние, медицинските работници, ја водиме оваа кампања и ги повикуваме сите владини службеници да се приклучат на движењето за граѓанска непослушност“, рече медицинска сестра од државната болница во најголемиот град Јангон.

Демонстрациите одржани за време на викендот се најголеми во последните 14 години, од 2007 година, кога будистичките монаси започнаа т.н. африканската револуција што придонесе за демократски промени во Мјанмар.

Полицијата употребила водени топови во Најпјиду, а според Ројтерс, се чини дека во тоа време биле повредени неколку демонстранти.

Досега протестите беа мирни, но забележано е движење на колона воени возила, што предизвикува загриженост дека може да има конфронтација помеѓу безбедносните служби и незадоволните граѓани.

Слични содржини