Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио прогласи вонредна состојба во средата навечер поради, како што рече, „историски временски настани“ со рекордни обилни дождови низ градот што предизвика поплави и опасни услови на патиштата.
Речиси сите линии на подземната железница во Њујорк беа прекинати доцна синоќа, бидејќи остатоците од тропската бура Ида донесе силен дожд и закана од поплави и торнада во делови од Северниот Атлантик, објави претходно Си -Ен -Ен.
New York City flood: Brooklyn drowned. pic.twitter.com/mgqELFWVw2
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) September 2, 2021
Градоначалникот на Њујорк ги повика луѓето да не излегуваат.
„Ве молиме, останете надвор од улиците вечерва и оставете ги нашите служби за итни случаи да ја завршат својата работа. Ако размислувате да излезете, немојте. Останете подалеку од метрото. Тргнете се од патиштата“.
Rainfall from tropical storm Ida gushing into the New York City subway pic.twitter.com/7wBH5qtM1U
— David Begnaud (@DavidBegnaud) September 2, 2021