Лионел Меси максимално го искористи своето пристигнување во Мајами и на теренот и надвор од него. Тој блеска на тревата, додека слободното време го користи за да ги прослави спортските успеси со семејството и соиграчите.
Аргентинецот и неговата сопруга Анотнела Рокузо често се придружувани од Дејвид Бекам, сопственикот на клубот, како и неговата сопруга Викторија Бекам.
Како што пишува англиски „Дејли мејл“, за време на една од прославите дошло до крвава тепачка во клубот „Геко“ во Мајами.
Обезбедувањето жестоко реагирало на гостин кој се обидел да ги фотографира познатите спортисти во локалот. Човекот бил обвинет дека се обидел да ги фотографира Лионел Меси и неговата сопруга, а обезбедувањето веднаш скокнало врз него.
Претепаниот се здобил со тешки повреди, крварел по лицето, а подоцна објаснил што се случило.
Скокнаа врз нас, ме исфрлија и ме удираа со тупаници по лицето. Сето тоа само зошто мојот пријател се обиде да се фотографира со својата сопруга, а не со Бекам или Меси, тоа беше семејна работа, изјавил претепаниот маж.
— Ricardo Kaka (@rikardons) August 15, 2023