Камења, солзавец, пукотници и жестоки судири со полицијата ја одбележаа пролетта во САД, кога полицаец го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд. Слично сценарио се повтори и синоќа во Тирана во масовен протест на демонстрантите, кои се судрија со полицијата во Тирана поради убиството на 25-годишник кој го прекршил полицискиот час.
Стотици Албанци синоќа протестираа на улиците во Тирана, кршејќи ја забраната за собирање на повеќе од 10 лица, воведена како мерка за спречување на ширењето на коронавирус.
Демонстрантите фрлале камења кон зградите на полицијата и владата, Министерството за внатрешни работи и Собранието на Тирана.
Тие извикувале „Рама, оди си“ и „И јас сум Клодијан“, а исто така ја запалија елката пред седиштето на Владата и потоа ја урнале.
Тие исто така се обиделе да упаднат во владиниот комплекс каде е канцеларијата на премиерот Еди Рама, но полицијата ги растерала со солзавец.
Полицијата соопшти дека во судирите биле повредени девет нејзини членови, а оштетени биле и паркирани полициски возила.
Hundreds of young protestors gathered tonight in Tirana burning down the Christmas tree at the PM office in Albania 🇦🇱, after a 25 year old man was shot dead by the police for not respecting the Covid19 curfew. pic.twitter.com/STFmD8TdbS
— kos_data (@kos_data) December 9, 2020
Демонстрантите изјавија дека протестот не е политички, но меѓу насобраните може да се забележат приврзаници на опозицијата.
Протестите избувнаа откако 25-годишниот Клодијан Раша бил застрелан во понеделникот вечерта, бидејќи не одговори на полициската наредба да застане за време на полицискиот час.
Thousands on the streets of #Tirana to protest against police brutality and demanding justice for Klodian Rasha, a 25 year old killed by police forces on Tuesday after breaking the lockdown hours. pic.twitter.com/7Kg6vaPL7e
— Historia Ime (@Historiaime) December 9, 2020