62
Лидерот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај изјави дека народот ќе го уапси премиерот Иса Мустафа ако полицијата ги уапси пратениците на опозицијата против кои е отворена истрага за активирање на солзавец во салата на Парламентот на Косово.
-„АКо ги уапсат пратениците или ќе ги ослободат или народот ќе го уапси Иса Мустафа или некој друг од нив, нема друга солуција“-рече во телевизиско интервју Харадинај.
На коментарот на новинарот дека тоа е анархија, тој рече дека тоа не е точно, туку дека се работи за воспоставување на ред и закон.