Харадинај бара од Курти да поднесе оставка

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, уште еднаш побара од косовскиот премиер Албин Курти да поднесе оставка.

Харадинај, како што пренесуваат приштинските медиуми, рекол дека веќе е докажано дека Владата на чело со Курти не е во состојба да се соочи со клучните проблеми за Косово.

„Енергетската криза ја предвидов како проблем од оваа влада поради одбивањето на американскиот гас. Во понеделникот му се обратив на Курти со барање да се повлече. Тоа му го вели некој кој двапати поднесувал оставка. Мислам дека е време тој да ја преиспита својата позиција. Рестрикциите се продукт на неспособноста на оваа влада“, рече Харадинај.

Слични содржини