Претседателот на АБК Рамуш Харадинај оцени дека говорот на премиерот Аљбин Курти e предизборна измама кој е во спротивност со реалноста на Косово и Метохија.
Харадинај на Фејсбук изјави дека Курти на ист начин зборувал и пред последните избори.
„И тогаш ги заведуваше граѓаните колку нафта, шеќер, леб и струја ќе се пуштат и како тоа ќе направи чуда за благосостојбата на народот, но под неговата влада Косово стана сиромашна земја“, посочува Харадинај.
Според него, Курти и денеска лаже дека неговата влада имала најголем пакет поддршка за граѓаните на Балканот, „а тоа е обична измама“.
„Како голем успех ја споменува социјалната помош од 100 евра, но не ги спомнува најниските плати на Балканот. Спомнува субвенции за струја, но не го спомнува поскапувањето на енергенсите под неговата влада“, истакнува Харадија, оценувајќи дека тоа се убави зборови со „контрадикторни реалности“.