Харадинај: Мини Шенген по признавањето на Косово

од Vladimir Zorba
329 прегледи

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и поранешен премиер, Рамуш Харадинај изјави дека дијалогот со Србија не треба да продолжи без присуство на САД и дека мини Шенген може да се реализира „само по признавањето на Косово од страна на Србија“.

„Кога станува збор за признавање, се отстрануваат препреките и за Мини Шенген. Додека Србија не нè признае, тоа е нефер ситуација. Косово е во нееднаква позиција во споредба со другите земји во регионот, пресврт треба да биде признавањето на Косово, а потоа и мини Шенген“, изјави Харадинај за „Ора њуз“.

Кога станува збор за дијалогот Косово-Србија, Харадинај повикува на медијација на САД во тој процес.

„Во дијалогот, мора да ја повикаме Америка на маса, а не да напредуваме во дијалогот без Америка. ЕУ не е единствена, тие се хетерогени. Имаме 5 земји кои сè уште не го признале Косово. Двајца високи функционери на ЕУ на кои им е доверено прашањето за дијалог доаѓаат од земји кои не го признаваат Косово, Борел од Шпанија, Лајчак од Словачка“, рече Харадинај.

Тој оцени дека е во интерес на Косово САД да бидат на маса, бидејќи тие „немаат дилеми во врска со суверенитетот на Косово“.

„(Претседателот на САД Џо) Бајден, кого го познавам лично, е заинтересиран за балканските прашања, тој го знае албанското прашање и ве уверувам дека идеално време е да побараме помош од САД“, рече Харадинај.

Екс премиерот ја критикуваше владата на сегашниот премиер, Албин Курти и побара зајакнување на опозицискиот фронт против неговата влада.

„Додека беше во опозиција, Курти изгради принципи, ветувања и ставови што ги смени по преземањето на власта“, рече Харадинај.

Слични содржини