Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, предложил гласање недоверба на актуелната косовска Влада на чело со премиерот Албин Курти.
Ваквата реакција на Харадинај, која ја објави на социјалната мрежа Фејсбук, следи по стапувањето на сила на мерките на Европската Унија против администрацијата во Приштина и одбивањето на косовските власти да ја деескалираат ситуацијата на северот на Косово.
-Свесен сум дека Косово е во ќорсокак со овој премиер и затоа побарав смена на Курти пред неколку дена. Ситуацијата е опасна и беснадежна и ќе се влоши, за што сведочат санкциите од страна на ЕУ и предупредувањата на САД дека владата е на погрешен пат, наведе Харадинај, повикувајќи на обединување, без разлика дали се работи за опозицијата или членови на владечкото мнозинство.
Тој потенцира дека ова го прави затоа што е во „национален интерес на Косово“.