Кандидатот за претседател и лидер на Сојузот за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека може да се договори за формирање влада со Албин Курти и другите лидери за пет минути по изборите на 14 февруари.
Тој посочи дека стратешките цели на АБК се членство во НАТО, партнерство со САД и ЕУ и меѓусебно признавање и соочување со Србија, без компромис и отстапки, пренесува „Газета Експрес“.
Харадинај е убеден дека може брзо да се договори со другите политички лидери за формирање на влада, а исто така ги посочи и стратешките цели од кои не се откажува како кандидат за претседател.
„Соочување со Србија и заемно признавање, без територијални отстапки и компромиси, членство на Косово во НАТО во разумен рок или референдум за обединување со Албанија, сигурни билатерални односи со САД и интеграција во Европската унија – ова се стратешките цели на АБК“, рекол Харадинај, а пренесува „Косово Онлајн“.