
Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај на приемот по повод Денот на Бастилја, националниот празник на Франција, изјави дека улогата на Париз во напорите за постигнување договор меѓу Белград и Приштина се зголемила, пренесува електронското издание „Kosovapress“.
„Сакам да ја искористам можноста да му се заблагодарам на францускиот претседател за неговата посветеност, што е показател за зголемениот интерес за Западен Балкан. Она што ни треба сега е да преговараме за рамка за взаемно признавање во рамките на постојните граници меѓу Косово и Србија и иницијатива за дијалог, која ќе му се овозможи на Косово да ги поддржи преговорите“, рече Харадинај.