Харадинај: Владата на Курти е проруска, служи на интересите на Путин

од Nikola Popovski
622 прегледи

Албин Курти им служи на интересите на рускиот претседател Владимир Путин, а неговата влада е проруска и антиамериканска, рече Рамуш Харадинај, критикувајќи го премиерот на Косово.

Лидерот на АБК и поранешен премиер  рече дека вчерашниот договор со Белград во Брисел „го враќа Косово 10 години наназад, а дека премиерот Албин Курти со потпишување на овој договор го урна суверенитетот на Косово“, објавија приштинските медиуми, пренесува „Косово онлајн“.

„Вчера, Косово доби два удари од прогласувањето независност на Косово, и тие удари не дојдоа однадвор, не од нашите непријатели, туку од марионетската и неодговорна влада и премиерот. Потпишан е договор Косово да се врати назад 10 години. Со овој договор, Албин Курти силно го разниша суверенитетот на земјата“, рече денес Харадинај на прес-конференција.

Харадинај продолжи да критикува, нарекувајќи го Курти измамник и велејќи дека Курти ги исполнил условите за оставка.

„Курти ја загрози државата Косово и ја прекрши заклетвата како премиер, и ги исполни условите да поднесе оставка, навреме забележав дека лаже и е опасен за државата“, додаде тој.

„Ја повикувам албанската патриотска левица, не ја поддржувајте анархистичката левица која им служи на интересите на Путин, не случајно е донесена таква одлука“, заклучи Харадинај.

Слични содржини