Џејмс Харден изјави дека е возбуден што ќе игра за Филаделфија, неговиот трет тим во последните 14 месеци.
За тоа време, Харден се пресели од Хјустон во Бруклин Нетс пред вториот да го испрати во Филаделфија. 32-годишниот кошаркар му се придружи на ветеранот Пол Милсап.
„Не беше така планирано. Не се глеав во три различни тимови пред 14 месеци, но денес сум тука и среќен сум. Имаше многу подеми и падови минатата година, многу стрес, но во секој случај, тоа е минато. Возбуден сум. Здрав сум и тоа е доживотна можност“, изјави Харден на својата прва прес-конференција во Филаделфија.
Тој ќе биде соиграч со центарот Џоел Ембид, кој сезонава има просек од 29,5 поени по натпревар.
„Мислам дека се надополнуваме“, изјави Харден за Ембид. „Очигледно е дека целиот свет знае колку е одличен Џоел. Не само што постигнува кошеви, остварува многу скокови, има „трипл-дабл“ во последниот натпревар, неговото присуство само по себе е неверојатно. Се чувствувам како да сум ист, сакам да ги направам моите соиграчи подобри и да ја доведам играта на највисоко ниво“.
На прашањето дали може да ја води Филаделфија до титулата оваа сезона, Харден не ни дочека да се комплетира прашањето и рече: „О, да!“
Тој лекува повреда во задниот дел на левата надколеница и нема играно од февруари.
Во текот на сезоната, Харден има 44 натпревари и има просек од 22,5 поени, 10,2 асистенции и 8,0 скока.