Хари ја шокираше јавноста: „Роден сум во случај на Вилијам да му затреба орган за донирање“

од Stefanija Kuzmanovska
284 прегледи

Британската, како и светската јавност, се преплавени со извадоци од мемоарите на принцот Хари „Spare“, а неговите тврдења предизвикуваат општа бура откривајќи ја неговата нефилтрирана вистина за британското кралско семејство.

Низ мемоарите јасно се гледа дека Хари како дете пораснал во сенката на својот постар брат, а самиот наслов на книгата, „резерва“, совршено најавува се што се крие меѓу кориците.

„Роден сум во случај нешто да му се случи на Вили“, напиша војводата од Сасекс.

Тој го опиша својот живот како „мисија која има за цел да биде извор на одвлекување, забава и, во случај на потреба, обезбедување резервен ‘дел’, т.е. бубрег, трансфузија на крв или коскена срцевина“.

Хари истакна дека пораснал знаејќи дека всушност бил таму за да му донира орган на својот брат, доколку е потребно. Тој објасни дека уште од рана возраст имал „сосема јасна“ идеја дека е донесен на свет за секој случај ако му се случи нешто на Вилијам и дека во текот на неговиот живот ова чувство само станувало посилно.

Тој го илустрирал ова признание со анегдота од неговата 20-годишна возраст, кога ја слушнал приказната за зборовите на Чарлс до принцезата Дајана на денот кога се родил Хари.

„Прекрасно! Веќе ми подари наследник и резерва. Ја завршив мојата работа“, наводно ѝ рекол Чарлс на својата сопруга.

Слични содржини