Однесувањето на принцот Хари не престанува да ја изненадува јавноста и сите службеници на кралската палата. Многумина се запрепастени по грубите изјави на Хари за родителството на принцот Чарлс, покојниот принц Филип и Елизабета Втора.
Во разговор со Декс Шепард, Хари изрази негативен став во врска со воспитните мерки на неговиот татко и рече дека ги одгледал многу лошо.
Тој додаде дека ова не треба да изненадува никого, бидејќи, како што вели, принцот Чарлс тоа го наследил од кралицата Елизабета Втора и покојниот принц Филип и нивниот начин на воспитување деца.
Многумина ги толкуваат ваквите изјави како нов напад врз семејството и целото кралство, а на Хари уште повеќе му е замерено бидејќи овие зборови доаѓаат еден месец по погребот на принцот Филип.
Сепак, Хари го искористил ова интервју за да опише колку се чувствувал изневерен, неразбран и претрпел некаков вид на страдање и болка.
Многумина се прашуваат зошто Хари и Меган дефинитивно не се откажуваат од своите титули.