Интервјуто што Меган Маркл и Принцот Хари и го дадоа на Опра Винфри го потресе светот, а најмногу кралското семејство.
Според „Дејли меил“, тие биле шокирани и згрозени од тврдењата дадени во интервјуто што се емитувало во неделата, а го следеле во живо дури 17 милиони луѓе.
Според нив, кралицата Елизабета (94), принцот Чарлс (72) и Вилијам (38), наводно, имале серија состаноци во своите простории за да одлучат како ќе реагираат на обвинувањата упатени на Хари и Меган во двочасовно интервју.
Тие посочуваат дека Хари со ова интервју „фрли атомска бомба кон неговото семејство“. Да потсетиме, Меган и Хари обвинија неименуван член на кралското семејство за расизам, сугерирајќи дека братучедот прашал „колку ќе биде темно нивното бебе“.
Откриле и дека Палата одбила да и помогне на Меган кога имала проблеми со менталното здравје и мисли за самоубиство.
Таа откри дека му се обратила на член на кралското семејство и изразила желба да добие стручна помош, но и било речено дека не може бидејќи „тоа не би било добро за семејството“.
Меган ја обвини и снаата Кејт дека плачела на денот на нејзината венчавка.Хари зборуваше и за голема расправија со неговиот татко Чарлс.
– Татко ми престана да ми се јавува. Во јануари му рековме дека ќе заминеме, морав да му помогнам на моето семејство. Има начин на кој работите се прават, тие требаше да ни дадат јавна поддршка, но јас знаев колку моето семејство всушност се плаши од таблоидите – рече поранешниот принц.
Министерот во британската влада и близок соработник на Борис Џонсон, лордот Зак Голдсмит, вчера изјави дека Хари и Меган „го наполниле авионот и фрлиле бомба врз Бакингемската палата“.
Како што изјави на Твитер, бомбата беше фрлена „Не само на палатата, туку и на семејството на Хари. Принцотго крена во воздух своето семејство“.Сепак, кралицата не брза со својата изјава.
Според „Дејли меил“, кралскиот персонал останал буден до три часот наутро гледајќи го интервјуто, а тие биле, како што пишуваат, „ужаснати и тажни“.
Утрото по интервјуто беа свикани кризни состаноци на кои присуствуваа високи функционери, како и членови на кралското семејство. Некои беа таму лично, а други се вклучија преку видео повик, или по телефон.