Хари и Меган ги контактирале Кејт и кралот Чарлс по веста за нивните здравствени проблеми

од Stefanija Kuzmanovska

Честа тема во светските медиуми деновиве е здравјето на британскиот крал Чарлс Трети и принцезата од Велс Кејт Мидлтон.

Имено, Кејт е во болница речиси една недела поради операција на абдоменот, а кралот Чарлс изјавил дека најверојатно наскоро ќе оди во болница поради проблеми со простатата.

Поради сето ова, како што пренесува „Мирор“, со нив контактирале војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган.

Иако сите знаат дека нивните односи со монархијата се нарушени уште од моментот кога одлучија да се повлечат од функциите на високи членови на кралското семејство и да се преселат во Калифорнија, а многумина мислеа дека нема да се огласат ниту сега – тие ги демантираа.

„Кралот и принцезата од Велс добија поддршка од принцот Хари и Меган во врска со нивното здравје. Војводата и војвотката ги контактираа двете страни на различни начини за да ги изразат своите грижи и најдобри желби“, изјавил извор за споменатиот медиум.

Наведено е и дека сите членови на кралското семејство, вклучително и Хари, биле информирани за проблемот што го има кралот уште пред веста да излезе во јавноста.

Слични содржини