Војвотката од Сасекс Меган Маркл (39) и принцот Хари (36) на Инстаграм профилот на нивната Арчивел фондација по повод вториот роденден објавија фотографија од нивниот двегодишен син Арчи.
На серија фотографии, од кои првата е во црно-бело и на Арчи, тие ги замолија следбениците да донираат пари за вакцина за коронавирус насочена кон сиромашните и помалку развиените земји.
„Оваа година светот го продолжува својот пат кон закрепнување од ковид-19. Сепак, многу семејства сè уште се борат со влијанието на оваа пандемија. Додека некои места се на работ на закрепнување, заедниците во многу делови на светот продолжуваат да страдаат Можеби чувствуваме дека нормалниот живот е зад аголот, но мора да запомниме дека во голем дел од светот, особено во земјите во развој, ефективната дистрибуција на вакцините допрва треба да започне“, започна парот.
„Не можеме да смислиме подобар начин да го прославиме роденденот на нашиот син отколку да им помогнеме на земјите и луѓето. Ако сите покажеме сочувство кон оние што ги познаваме и оние што не ги познаваме, можеме да направиме големо влијание. Дури и мал придонес може да има значителен ефект. Заедно можеме да се издигнеме, „да се заштитиме и да се грижиме едни за други“, споделија тие под објавата.
Но коментарите го покажаа гневот на следбениците.
„Зошто не му го покажувате неговото лице? Многу е чудно“, „Среќен роденден Арчи. Би било убаво да го видам твоето лице повремено“, „Не молите донирајте во негова чест и нема да го покажете ниту неговото лице“, „Можеме ли да го видиме неговото лице, тоа може да биде било кој“, се само некои од коментарите под објавата.