Хари ја учи Меган да вози на десната страна и со менувач

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Принцот Хари лично се зафатил со задачата да ја обучи својата идна сопруга, Меган Маркл, со особеностите на возењето на англиски начин. Секако тоа со што Меган се обидува да се навикне, е возењето со волан на десната страна, што е многу чудно за американската актерка, навикната со патиштата и правилата за возење во САД и Канада.

Другата работа што Хари сака да ја научи е менување на брзини со менувач. Со оглед на тоа дека Меган управувала само со автоматски брзини, сигурно ќе треба време и трпеливост за да се справи и со таа задача.

Вереницата на принцот ќе треба да положи и теоретски и практичен тест за возење. Според британското законодавство, ако не си локален и не доаѓаш од земја членка на ЕУ, имаш право да возиш со актуелната дозвола само 12 месеци од стапнувањето на британска почва. За подолг период, мора да се полага испит за теорија и пракса за да се добие британска возачка дозвола.

Слични содржини