Иако романсата меѓу принцот Хари и актерката Меган Маркел ќе започне дури во летото минатата година, двајцата веќе немаат трпение да започнат живот под еден покрив.
32-годишниот Хари се пресели во нов стан во палатата Кенсингтон, каде планира да се вгнезди со омилената. Тој ги следел многу внимателно и одблиску поправките во станот и според извори на “Daily Mail” барал да завршат побрзо.
Новиот стан е блиску до огромното крило – 22 соби и две кујни, што ќе биде постојан дом за Војводата и војвотката на Кембриџ, Вилијам и Кејт Мидлтон од септември.
“Навистина е голема вест дека Хари и Меган ќе живеат во непосредна близина на Вилијам и Кејт”, додава изворот.
Од палатата Кенсингтон одбиваат да го коментираат новиот стан на Хари, опишувајќи го како “личен проблем”.
Сè повеќе гласни се гласините дека сепак принцот ќе ѝ даде прстен на ѕвездата од “Suits”.
Меган има зад себе еден неуспешен двегодишен брак, но е подготвена да му подари наследници на Хари.