Членовите на британското семејство, наводно, побарале од принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, да си го смени името.
Според гласините кои ги пренесоа британските медиуми, доколку го оставела името Кетрин (Catherine), би било многу збунувачки кога се користат шифри или лични монограми на членовите на кралското семејство, имајќи предвид дека името на тројца членови започнува со буквата „C“. Свекорот и свекрвата, односно Чарлс (Charles) и Камила (Camilla) останале непопустливи по ова прашање, тврди „Дејли мејл“.
Според извештаите, принцот Хари неодамна открил дека принцезата од Велс, Кејт, била принудена да го промени своето име кога се омажила за принцот Вилијам. Како што пишува во своите мемоари, тоа било желба на Чарлс и Камила.
Вистинското име на сопругата на Вилијам е Кетрин, но бидејќи сите ја познаваа како Кејт, Чарлс и Камила ја убедија да го смени иницијалот на нејзиното име од „C“ во „К“. Причината, истакнува Хари, е тоа што премногу имиња во семејството започнуваат со буквата „C“ (Charles и Camilla).
Книгата на Хари „Spare“ (Резерва) излегува на 10 јануари, а името го добила според она што Чарлс ѝ го рекол на принцезата Дајана по раѓањето на Хари:
„Ми даде наследник и резерва – мојата работа е завршена“.