Харис по средбата со Меркел: Ќе работиме на продлабочување на партнерството меѓу САД и Германија

од Берта Китинска
348 прегледи

По разговорите со германската канцеларка Ангела Меркел во Вашингтон, Потпретседателката на САД Камала Харис на Твитер објави дека таа, заедно со американскиот претседател Џо Бајден, ќе работат на продлабочување на американско-германското партнерство.

„Разговаравме за зајакнување на демократските институции и трансатлантските односи, како и одговор на заедничките предизвици како што се здравјето и климата“, рече Харис.

За време на нејзината последна официјална посета на Вашингтон, Меркел и  се придружи на Харис за појадок, пред да се сретне со американскиот претседател Бајден.

– Посетата ќе афирмира силни и трајни билатерални врски меѓу САД и Германија – објави Белата куќа, пред посетата на германскиот канцелар.

Како што е наведено, двајцата лидери ќе разговараат за голем број теми, вклучувајќи ги климатските промени, пандемијата „Ковид-19“, решавање на безбедносните и регионалните предизвици, како и закани по демократијата низ целиот свет ќе пренесува природен гас од Русија во Германија, проект на кој се спротивставува Вашингтон.

Слични содржини