Демократската кандидатка на претседателските избори во САД, Камала Харис, на крајот од кампањата испрати писмо до американско-албанската заедница, во кое посочува дека САД ја поддржуваат независноста на Косово и дека ќе продолжат да ја поддржуваат и по 5 ноември доколку таа е на чело на Белата куќа.
„САД, исто така, ги предводеа европските сојузници и партнери да ја поддржат независноста и историскиот суверенитет на Косово и продолжуваат да го поддржуваат мултиетничкото и демократско Косово, целосно интегрирано во меѓународната заедница“, рекла Харис во писмото.
Харисова нагласува дека „исклучително ја цени силата на Албанците во САД“.
„Американските Албанци даваат вредни придонеси за нашата нација со генерации, покажувајќи длабока посветеност на семејството, заедницата и борбата за слобода. Има стотици илјади Албанци Американци кои живеат во Соединетите Американски Држави, и отпорноста на албанско-американското заедницата продолжува да не инспирира сите“, порачала кандидатката на Демократската партија.
Според неа, значителен е континуираниот придонес на Албанците во различни области од американската економија и општество.
„Американските Албанци придонесоа за структурата на нашата нација, збогатувајќи ги заедниците со нивниот претприемачки дух, силни семејни вредности и длабока посветеност на образованието и граѓанскиот ангажман. Од сопственици на мали бизниси до професионалци во медицината, правото и јавните служби, Албанците Американци имаат одигра клучна улога во развојот на локалните економии и зајакнувањето на социјалното ткиво на градовите и селата низ целата земја“, нагласила таа.
Како што истакнува, повеќе од еден век, почнувајќи од Мировната конференција во Париз по Првата светска војна, Американците и Албанците „делат посебна врска“.
„Сакам да го потврдам силното партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Албанија. Албанија е стабилен сојузник во НАТО и благодарен сум и за промовирањето на стабилноста во регионот“, напишала Харис, додавајќи дека и е благодарна на Албанија за „лидерството во Советот за безбедност на ОН“ во месеците по почетокот на конфликтот во Украина.