476
На популарниот актер Харисон Форд не му се допаѓа идејата дека некој друг ќе ја игра улогата на Индијана Џонс по него, пишува „Screen Rant“.
Во интервју за „УСА Тудеј“, Форд беше запрашан кога би сакал да ја види Индијана Џонс откако ќе ја заврши улогата.
„Никој нема да биде Индијана Џонс, разбираш? Јас сум Индијана Џонс. Кога мене ќе ме нема, истото ќе важи и за него“, одговори со насмевка.
Да потсетиме, неодамна беше објавен „Индијана Jонс 5“, филм за кој се претпоставува дека е последен во оваа франшиза.