Актерот Харисон Форд (79) со неговата сопруга Калиста (56) и синот Лијан пловел по Јадранско Море во реплика на Дубровничката Карака под будното око на капетанот Фране Радошевиќ, пренесува Dubrovniknet.hr.
Капетанот Фране ги запозна со историјата на стариот брод, чија реплика се уште ги радува сите што го гледаат на море.
– Харисон е добар, во еден момент го презеде кормилото, а ние разговаравме за техничките детали врзани за караката – раскажал капетанот Френе и додал дека на актерот му се допаднало се што е поврзано со Дубровник.
– Пловивме околу Стариот град два часа, неговата сопруга најчесто разговараше со синот – навел Радошевиќ и додал за Калиста дека е исклучително пристојна и едноставна жена.
– Се надевам дека беше добро за нив – заклучил Радошевиќ и додал дека холивудската двојка ќе остане во Градот до четврток.
Во јуни, актерот го повреди рамото на снимањето на снимањето на новото продолжение на филмот „Индијана Џонс“, па мораше привремено да го прекине снимањето и го избра Дубровник за дестинација за одмор.