Харисон Форд е навистина една од најголемите ѕвезди во Холивуд, а статусот на ѕвезда го обезбеди со улогите во филмовите „Војна на ѕвездите“ и „Индијана Џонс“. На крајот на јуни ќе излезе последниот дел со Харисон Форд во улогата на Индијана Џонс, што е навистина емотивно за многу фанови.
За време на кариерата долга повеќе од педесет години, актерот ја задржал својата скромност и призна дека никогаш не сакал да биде богат и славен. Неговата желба била да биде актер и да снима филмови, а сега ужива повеќе од кога било.
„Веројатно уживам да снимам филмови сега повеќе отколку порано“, призна неодамна и откри дека на почетокот на кариерата никогаш не мислел дека ќе може да стане главен актер: „Само се надевав дека ќе заработам за живот како актер и дека нема да морам да ги надополнувам приходите со некои други, споредни работи“.
Актерот летово ќе наполни 81 година, но ниту возраста ниту повредата на рамото не го спречија да го заврши тој проект.
„Сакав тој амбициозен филм да биде последен. И не мислам дека досега не сме правеле амбициозни филмови – тие беа амбициозни на многу начини. Но, не мора да биде толку амбициозен со ликот како што сакав да биде“, рекол 80-годишниот актер и решил да ја покаже својата возраст на сетот покажувајќи ги годините што навистина ги има.
На светската премиера на филмот за Индијана Џонс во Кан, Форд ја доби Златната палма за животно дело, а особено беше воодушевен од публиката, која несомнено е наклонета кон него.
„Само се обидував да ја задржам мојата смиреност. Публиката великодушно аплаудираше и беше позитивно и убаво“, го опиша Форд тој голем момент од неговата кариера.