Харков остана без струја поради руски ракетни напади

од Radmila Tasevska
147 прегледи

Харков, вториот по големина град во Украина, е воопшто без струја, последица на денешниот руски ракетен напад врз енергетските капацитети ширум земјата.

Шефот на регионалната управа во Харков, Олег Синегубов, рече дека се планира да се врати напонот до полноќ, но операторот на електричната мрежа Укренегро предупреди дека обемот на штетата е толку голема што враќањето на струјата може да потрае подолго.

Според Укренгер, енергетскиот систем изгубил повеќе од половина од својот капацитет поради најновите напади, а струјата ќе им биде дадена на приоритетните потрошувачи како што се болниците, водоводите, топланите и постројките за канализација.

Советникот на министерот за одбрана, Јуриј Сак, изјави за Би-Би-Си дека службите за итни случаи работат на враќање на струјата, но ситуацијата „останува тешка“.

Зачестените руски напади резултираат со сè потешко поправка на штетите.

Во Харков живеат околу 1,5 милиони жители.

Слични содржини