Харвард доби 400 милиони долари од поранешен студент

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Американскиот универзитет Харвард доби најголем подарок во својата историјата, 400 милиони долари од поранешниот студент Џон Полсон, хеџ фонд менаџер од Волстрит.

20120904-harvard-mitovi-i-fakti

Донацијата ќе биде искористена за унапредување на одделението за инженерство и применети науки, соопшти вчера Харвард.

Претставници на Универзитетот изјавија дека одделението ќе биде преименувано во Џон. А. Полсон школа за инженерство и применети науки.

Полсон во 1980 година дипломирал на Харвардскиот деловен факултет. Со два милиони долари формирал компанија за управување со инвестиции „Полсон енд компани“, која во моментов управува со повеќе од 19 милијарди долари/МИА