Пејачката Тејлор Свифт не престанува да соборува рекорди.
Освен што за нејзините настапи секогаш се бараат билети повеќе, таа ја има и најпродаваната турнеја, поради нејзиниот концертен филм сите други филмски премиери во САД беа одложени и слично, сега курс за неа ќе се најде на еден од најпрестижните универзитети.
Имено, како што пишува TMZ, Харвард наскоро ќе започне курс под називот „Тејлор Свифт и нејзиниот свет“.
Професорката Стефани Барт, која ќе го предава овој курс, за споменатите медиуми изјави дека „акцентот ќе биде ставен на книжевните достигнувања зад уметноста на Тејлор Свифт“. Иако професорката е голем обожавател на Свифт, таа тврди дека тоа не е причината поради која сака да го предава курсот и дека „делото на Тејлор вреди да се проучува“.
Бидејќи нејзиниот приватен живот е тесно поврзан со создавањето на нејзините песни, како што е наведено, и тоа со кого Свифт се забавува ќе добие одредено внимание на претстојните предавања на Харвард.
Сепак, Харвард не е единствената образовна институција која сака да го проучува ликот и делото на Тејлор Свифт. Според гореспоменатите медиуми, Универзитетот во Флорида наскоро воведува свој курс кој ќе зборува за популарната пејачка, а истото веќе го започнала и државата Аризона.
Дека академската заедница ја сака Тејлор говори и фактот што, според професорката Стефани Барт, илјадници луѓе веќе се пријавиле за нејзиниот курс, кој е планиран за пролет следната година.