Хасани: Не се потребни споредби, за Албанија и за сите земји од регионот членството во ЕУ е безусловно

од Radmila Tasevska
164 прегледи

Не се потребни споредби за патот на Албанија и Северна Македонија кон ЕУ, важно е да продолжиме со раформите оти членството во ЕУ е безусловно за сите земји од регионот, рече министерот за надворешни работи на Албанија Игли Хасани
на заедничката прес конференција во Скопје со неговиот колега шефот на дипломатијата Бујар Османи.

-Сметам дека Албанија и Северна Македонија завршија многу успешна работа во нашето заедничко патување кон ЕУ и ние во ниту еден момент не правиме мерење, ниту пак правиме споредби коишто само би делувале во однос на духот на интергирањето. Тоа што е најважно е тоа што ние сме го завршиле тоа што ни е домашна задача и ќе продолжиме да работиме во тој правец. Патот до ЕУ за Албанија и за сите земји од регионот е без „но“ и без „доколку“. Значи безусловно и сакам да кажам дека ние мора и треба да продолжиме да ги продлабочуваме реформите кои се иницирани, преземени и добро да ги забележуваме работите меѓу нас коишто треба да се подобрат во контекст којшто станува се потежок. Во контекст на случувањата во Источна Европа настаните се одвиваат брзо и земјите од Западен Балкан не треба да бидат заложници од ваквите текови, туку треба да станат интегрален дел од големо европско семејство, рече Хасани прашан дали Албанија направи повеќе од Северна Макердонија за нејзиниот пат кон ЕУ и дали на патот кон ЕУ Албанија треба да продолжи сама.

Хасани учествува на завршниот состанок на Партнерската комисија на САД-Јадранската повелба (А5), со кој претседава министерот Османи, а со кој се заокружува претседавањето на Северна Македонија со А5 за 2023 година. Албанија го презема претседавањето за следната година.

Слични содржини