Хашките судии на руска потерница

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Истражниот комитет на Руската Федерација покрена кривична постапка против судиите и обвинителите на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кои издадоа налог за апсење на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

„Истражниот комитет на Руската Федерација покрена кривична постапка против обвинителот на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Карим Ахмад Кан и судиите Томоко Акане, Росарио Салваторе Аитали и Серхио Херардо Угалде Годинез“, се наведува во соопштението на Комитетот на Телеграм.

Обвинителот е обвинет дека обвинил невин човек за кривично дело кое не го сторил, но и за подготовка на напад врз претставник на странска држава, кој е под меѓународна заштита.

Судиите се товарат за нешто слично – обид за намерно и противправно лишување од слобода и подготвување напад на претставник на странска држава кој ужива меѓународна заштита.

И судиите и обвинителот се обвинети дека ги преземале овие мерки со цел заострување на политичката состојба во светот, информираат од Истражниот комитет.

Слични содржини