172
Главниот град на Куба e под вода. Три лица загинаа при поројни дождови кои г предизвикаа поплави во Хавана.
Загинатите се 77-годишна старица, 43-годишен адвокат и 23-годишно момче, удрени од струја, соопшти АФП.Најтешко погодени се три општини.Таму се формирале и свлечишта.10 000 луѓе се евакуирани од своите домови.На некои места се паднати електрични столбови и многу домаќинства се без струја.Има и паднати згради.Движењето на автомобили е отежнато поради поплавените и уништени патишта.
Кубанските метеоролози ги предупредуваат граѓаните да се подготвуваат за уште врнежи и за ветер со брзина до 100 километри на час.
