Џ.Б. Перет, претседател за глобално стримување и игри на корпорацијата “Ворнер Брос Дискавери“ порача дека наскоро ќе се преземат мерки против луѓето што ги гледаат сервисите „ХБО Макс“ и „Дискавери“ со лозинки од корисници што плаќаат.
Според Перет, компанијата во последниве неколку месеци тестирала дали нејзините бази на податоци може правилно да ги идентификуваат легитимните корисници на нејзините стриминг сервиси „ХБО Макс“ и „Дискавери“.
„Почнувајќи во септември, ќе гледате пораки – кои сега се многу лесно избегливи – и кои ќе бидат „поупорни“ и кои ќе ги примораат луѓето да преземат некое дејствие, за разлика од сега, кога станува збор за доброволен процес“, порача претседателот на фирмата што неодамна имаше неславна авантура со менувањето на имињата на еден од своите стриминг сервиси – „од ХБО Макс“ во „Макс“ а потоа пак во „ХБО Макс“.Вистинските придобивки од ова би се почувствувале од почетокот на 2026 година, кога ќе почне вистински агресивното алармирање за користење на сервисите без плаќање.