Heineken го прекина производството и продажбата во Русија

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Heineken го прекина производството и продажбата на своето пиво во Русија. Така, компанијата се приклучи на голем број бизниси кои ја напуштаат земјата како одговор на инвазијата на Украина.

Холандската пиварница пред извесно време ги стопираше сите нови инвестиции во Русија, но и извозот на други брендови.

Производството, рекламирањето и продажбата на брендот Heineken во Русија ќе бидат стопирани, се вели во соопштението на компанијата.

Carlsberg, исто така, соопшти дека ги запира новите инвестиции во Русија, како и извозот во земјата од другите компании на Carlsberg.

Вчера McDonald’s, Coca-Cola и Starbucks соопштија дека привремено ќе ги прекинат деловните операции таму.

„Heineken повеќе нема да има финансиска корист од руското работење“, соопшти компанијата.

Слични содржини