Heineken, вториот по големина производител на пиво во светот и производител на најпродавано пиво во Европа, ги зголемува цените, јавува Би-Би-Си.
Извршниот директор Долф ван ден Бринк истакнува дека зголемувањето на цените на суровините и енергијата е без преседан „и toa ја принудува компанијата да ги зголеми цените#.
Сè уште не е јасно колку ќе чини пивото.
На почетокот на овој месец, Carlsberg, исто така, објави дека ќе ги зголеми цените.
Компанијата вели дека трошоците за производство се зголемени за меѓу 10 и 20 отсто. Јачменот чинеше двојно повеќе од лани, а алуминиумот поскапе за 50 отсто. Расте и транспортот и трошоците за струја.
Изјавата дојде по силната година за холандскиот производител на пиво, во која нето приходите се зголемија за 11,3 отсто на 21,9 милијарди евра, а продажбата на пивото Heineken се зголеми за 17,4 отсто.
Добивката расте за 80 отсто, но резултатот годинава е „неизвесен“ поради повисоките трошоци.