Хејли Бибер го продаде својот козметички бренд „Роуд“ за милијарда долари

од Марта Пешевска
22 прегледи

Козметичкиот бренд Rhode, основан од моделот и инфлуенсерката Хејли Бибер, стана глобален успех за само три години. Нејзиниот бренд беше продаден на големиот козметички играч e.l.f. Beauty за милијарда долари, но Хејли останува во тимот како креативен директор и раководител на иновации.

Хејли ја основа компанијата пред три години, а нејзиниот вирален сјај за усни стана толку популарен што дури имаше и листи на чекање. Минатата година, Rhode оствари приходи од 200 милиони долари. Продажбата на брендот на e.l.f. Beauty значи дека наскоро производите на Rhode ќе бидат достапни и во физички продавници како Sephora, покрај онлајн продажбата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hailey Rhode Bieber (@haileybieber)

Пејачот Џастин Бибер, сопруг на Хејли, објави фотографија од неа, но не коментираше, што предизвика реакции на социјалните мрежи. Нивната врска и живот често се следат со големо внимание, а неодамна Хејли се најде и на насловната страница на списанието „Вог“. Џастин ја изненади јавноста со необичен коментар поврзан со нејзиниот успех.

Хејли и Џастин се венчаа во 2018 година, а во август 2024 година го добија својот прв син, Џек. Во јавноста често се соочуваа со споредби и критики поврзани со минатите врски на Џастин, особено со поранешната девојка Селена Гомез, но тие остануваат силна и успешна двојка.