Хеликоптер Ми-8 на руското Министерство за вонредни ситуации се урна кај езерото Онега во северна Карелија со тројца членови на екипажот, соопшти денеска Министерството, додавајќи дека во тек е подводна потрага.
„Хеликоптерот беше на тренажен лет“, објави Министерството на апликацијата за пораки Телеграм. „Хеликоптерот беше управуван од искусен екипаж со илјадници часови лет“, се додава во соопштението.
Комуникацијата со хеликоптерот била изгубена додека бил над езерото Онега. Министерството соопшти дека во потрагата се вклучени нуркачи и подводно возило на далечински управувач. Тие не објавија никакви информации за статусот на членовите на екипажот.
На местото каде што се урнал хеликоптерот во тек е увид.
Остатоците од хеликоптерот Ми-8 се пронајдени на 11 километри од брегот. Длабочината на езерото на местото на откритието се движи од 40 до 50 метри“, се наведува во извештајот на руското Министерство за вонредни ситуации.
Во потрагата се вклучени повеќе од 140 луѓе и 33 парчиња опрема, вклучително и нуркачи.
Рускиот истражен комитет покрена кривична постапка поради прекршување на правилата за безбедност во сообраќајот и функционирање на воздушниот сообраќај.
Регионот Карелија е поделен на два дела: Финскиот регион Карелија и руската Република Карелија во северозападниот дел на Русија, меѓу Белото и Балтичкото Море, каде што се урна хеликоптерот. ссм/