Хелсиншкиот комитет бара истрага за полициските службеници што не го спречиле нападот врз Арсовска

од Milan1
35 прегледи

„Непостапувањето на институциите во случаи на очигледно насилство не само што ја охрабрува културата на неказнивост, туку директно го загрозува владеењето на правото и демократијата“, се вели во соопштението од Хелсиншкиот комитет за човекови права во врска со случајот

Итна и независна истрага и одговорност за полициските службеници кои не постапиле соодветно на местото на настанот. Ова се дел од барањата на Хелсиншкиот комитет за заштита на човековите права во врска со денешниот физички напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Оттаму најостро го осудуваат физичкиот и вербланиот напад врз Арсовска што се случи за време на увид во нелегален градежен објект во општината Чаир, ако особено загрижувачки го оценуваат тоа што инцидентот се случил пред полициски службеници, кои според изјавата на градоначалничката, не презеле соодветни мерки за нејзина зашттита.

Според сведочењето на Арсовска, напаѓачот ѝ се заканувал со силување и убиство на нејзините блиски, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со клоци.

„Наместо итна интервенција и заштита, полицајците кои биле присутни на лице место, наводно, не реагирале соодветно, дозволувајќи толпата да продолжи со навреди, физички напади и закани“, велат од Хелсишкиот комитет.

Според невладината организација овој напад е уште еден алармантен пример со коис е соочуваат жените во јавниот живот, насилство, навреди, закани, клевети и институционална незаинтересираност.

Од Хелсиншки додаваат дека иако Министерството за внатрешни работи соопштило дека се приведени двајца напаѓачи, нема информации за мерки против полициските службеници кои биле присутни на местото на настанот.

„Оттука, Хелсиншкиот комитет за човекови права бара: Итна и независна истрага за случајот, одговорност за полициските службеници кои не постапиле соодветно на местото на настанот, кривични пријави против сторителите и соодветна постапка против нив, обезбедување ефективна и итна заштита за градоначалничката и другите службени лица кои биле нападнати и осуда на нападот од страна на сите политички и општествени чинители“, наведуваат во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

Слични содржини