Хенес: Мали се шансите Чаби Алонсо да го преземе Баерн на крајот од сезоната

од Симе Стоиков
212 прегледи

Почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес изјави дека мали се шансите тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо на крајот на сезоната да го преземе клубот од Минхен, пренесуваат германските медиуми.

Баерн пред нешто повеќе од еден месец објави дека тренерот Томас Тухел ќе го напушти клубот од Минхен по крајот на сезоната.

„Сакаме да потпишеме договор со Алонсо. Сепак, ќе биде многу тешко, да не кажам и невозможно“, изјави Хенес.

Како што е понато Алонсо (42) го презеде тимот од Леверкузен во октомври 2022 година.

„Можам да замислам дека Алонсо ќе остане во Баер за да ја продолжи својата работа. Алонсо сега е тренер на клуб кој е блиску до освојување на титулата во Бундеслигата. Има многу да му се заблагодари на својот клуб и тие мора да му се заблагодарат”, додаде Хенес.

Слични содржини