НАТО има потреба даја развие својата стратегија за иднината и треба да спроведе вежби кои треба да бидат адекватни на стратегијата и да го прави она за што е подготвен. Која е стратешката цел?
Стратешката цел на НАТО треба да биде заштитата и одбраната на територијалниот интегритет на земјите-членки, кои треба да развијат стратегии за вооруженио исполнување на барањата. Тие не мора да се во форма на напад, но треба да бидат адекватни на нив. Повеќето земји-членки тешко прифаќаат дека Студената војна може да се врати. Мнозинството од нив го намалија капацитетот да развијат возможна стратегија за справување со голем напад.
Се враќаме ли кон базата на Студената војна НАТО треба да развие воен капацитет, кој одговара на заканите кои самата Алијанса ги предвидува. Ако тие се непоколебливи, а треба да бидат такви за руски воени потези, тоа значи дека ограничувањата за одбрана треба да бидат укинати. Сметав дека во почетокот на украинската криза една пофлексибилна политика би можела да спречи многу од катастрофите и можеби да успее да заштити една поголема територија од Украина.
Во ситуацијата во која се наоѓаме, мислам дека е важно и Русија, и НАТО сериозно да ги разгледаат дипломатските можности. Ако тие не успеат, многу е веројатно ние да се вратиме кон условите од Студената војна.
————–
Хенри Кисинџер, американски државен и политички деец, дипломат. Тој е државен секретар на САД / 1973-1977 /. Објавениот текст е дел од неговото интервју за БиБиСи.
